Каде во светот едно мало шише со вода чини три евра?

165

Водата е најважната течност што во овие топли денови ни помага да останеме хидрирани и полесно да ги преживееме горештините.

Едно мало шишенце вода од 0,33 литри во Швајцарија се продава по цена од 3,05 евра, со што е најскапо во светски рамки. Потоа, следи Норвешка каде што исто такво шишенце вода се продава за 2,38 евра, додека цената на таа количина флаширана вода во Данска е 2,24 евра.

10-те земји во коишто шише од 0,33 литри вода е најскапо се и: Белгија (2,09 евра), Австрија (2,08 евра), Германија (1,88 евра), Холандија (1,86 евра), Исланд (1,85 евра), Израел (1,72 евра) и Австралија (1,67 евра).

Според Numbeo, од 95 земји во светот, во регионот најскапа е водата во Словенија, каде едно шише од 0,33 литри чини 1,44 евра. Хрватска е 18-та со цена на едно шише вода од 1,23 евра, Црна Гора е 32-ра во светски рамки со цена од 0,90 евра. Во Србија едно шише вода од 0,33 литри се продава по 0,75 евра и тоа ја сместува земјата на 39-то место, додека нашата земја е 45-та со просечна цена на шишето вода од 0,66 евра. Во Босна и Херцеговина такво шише вода се продава по цена од 0,65 евра, во Бугарија по 0,52 евра, а во Грција чини 0,50 евра. Албанија е 57-ма со просечна цена на шишенце вода од 0,49 евра.

Најевтина флаширана вода има во: Пакистан (0,17 евра), Узбекистан (0,17 евра) и Бангладеш (0,16 евра).

Фото: Pixabay