Каде во светот најмногу се конзумира риба?

118

Рибата е една од најздравите намирници што луѓето ја конзумираат на глобално ниво. Во некои земји таа важи за основен вид на храна, додека во други се смета за вид на оброк, па и деликатес.

Еве кои земји важат за најголеми конзумирачи на риба.

Кина – 2,035,262 тони

Со популација од над една милијарда Кина е прва во светот по конзумирање на оваа намирница. Побарувачката за риба е толку голема што локалните извори не се доволни па голем дел се добива и од увоз. Кина исто така многу извезува и на странските пазари, првенствено Канада.

Мјанмар – 1,501,415 тони

Мјанмар (Бурма) е на второ место на листата, а рибата тука важи за основна храна. Земјата има изобилие на реки и брегови каде што се лови риба, а рибарењето се практикува и како економска активност.

Виетнам – 1,148,447 тони

Благодарение на достапноста и лесната подготовка рибата во Виетнам се јаде многу често. Земјата вложува во фондови специјално наменети за развој и градба на центри за обработка на риба.

Јапонија – 730,783 тони

Јапонците се наоѓаат на четврто место по конзумирање на риба. Дел се добива од локалните води, додека дефицитот се покрива со увоз. Оваа индустрија во земјата вреди повеќе од десетици милијарди долари.

Листата топ десет, по редослед, ја комплетираат Индија, Малезија, Брегот на Слоновата Коска, Мексико, Индонезија и Мозамбик, пишува World Atlas.

Фото: Pexels