Кафе 1 евро, вино само 2: Едно од најевтините места за одмор

Како што се приближува празничната сезона, многу туристи бараат дестинации кои нема да им ги испразнат паричниците. Според најновиот извештај на Британската пошта за 2024 година, најприфатливиот град за одмор во Европа е португалскиот Фаро, кој се наоѓа на југот од земјата, во популарниот регион Алгарве.

Иако многумина очекуваат најевтините дестинации да бидат во Турција или Бугарија, Фаро ги изненади и ги надмина сите конкуренти, заземајќи го првото место на листата на 15 најприфатливи европски дестинации.

Кафе 1 евро, вино 2 – и сонце, плажи и историја бесплатно

Според британскиот Мирор, цените во Фаро се исклучително прифатливи:

Кафе – околу 1 евро
Чаша вино – само 2 евра
За истата сума во Италија или Шпанија би платиле двојно повеќе!

Но, не е сè во цените – Фаро нуди и прекрасни песочни плажи, сончево време и богата историја. Најпознатата плажа во градот, Праја де Фаро, се протега на 5 километри и е полна со активности за сите возрасти. За оние кои сакаат повеќе мир, Праја до Анкао е вистинскиот избор – осамена и без комерцијални гужви.

Рај за љубителите на природата и историјата
Една од главните атракции е природниот резерват Риа Формоза, до кој може да се стигне со брод, и е идеален за набљудување птици и уживање во недопрената природа.

Стариот дел од градот е особено зачуван – иако Фаро претрпел голем земјотрес во 1755 година, барокната архитектура и шарм се зачувани, а целата област е трансформирана во пријатна пешачка зона.

Идеален за одмори без стрес и високи трошоци
Комбинацијата од ниски цени, прекрасни плажи, сончево време и културни атракции го прави Фаро совршено место за оние кои сакаат одмор од соништата без да потрошат богатство.

Фото: Pixabay