
Цената на кафето, еден од најконсумираните пијалоци во светот, достигнува рекордни нивоа.
Зголемувањето на цените на кафето е првенствено резултат на сушата која ги десеткуваше приносите на зрна на најголемите плантажи во светот и го загрози целокупното производство, а потоа се и геополитичките тензии кои ги загрозуваат синџирите на снабдување.
Најсвеж пример се царините на американскиот претседател Доналд Трамп, кои се закануваат да предизвикаат еден вид трговска војна, на која индустријата за кафе нема да биде имуна.
Најголеми производител на кафе е Бразил, одговорен за една третина од светскиот пазар. После него се Виетнам, Колумбија, Хондурас, Мексико, Виетнам, Перу… Нивниот главен адут во успешното производство на кафе е климата. Зрната кафе се исклучително чувствителни и бараат оптимални услови, поради што екстремните температури и суши се основен проблем во овие земји. Освен што го намалува приносот, се влошува и вкусот на кафето. Бразил е особено тешко погоден, каде земјоделците се речиси без залихи. Очекувањата се дека годинава ќе има уште послаба берба во Бразил поради долгите сушни периоди, најдолги од 1981 година. Затоа, се соочуваме со неизвесна сезона и континуирани поскапувања.
Состојбата на родот и климатскиот статус на Бразил и Виетнам ја одредуваат иднината на секоја шолја кафе што ја пиеме.
Фото: Pixabay