Кафуле на тркала – начин да се преживее и добро да се заработи во пандемија

96

Пред пандемијата Британците трошеле околу пет милијарди фунти годишно во кафулињата на High Street, но нивната продажба имаше голем пад во текот на пандемијата, пренесува ВВС.

Сепак, желбата за кофеин остана, па некои компании ја искористија приликата за да ги пополнат празнините на пазарот. Од таа причина, порасна бројот на мобилни кафулиња.

Дваесет и осумгодишниот Џејмс Кинг порано работел во кафуле во Брајтон, но од први март лани се откажал од таа работа и почнал сопствен бизнис – комби преку коешто ќе продава кафе и ќе може да ја менува локацијата кога ќе посака. Не добил финансиска поддршка од државата бидејќи бил регистриран како нов старт – ап. Наместо да седи дома и да чека подобра прилика, го уредил комбето и го претворил во Whistle Coffee.

На вработените во околните болници им нудел бесплатно кафе, што наишло на голема поддршка и од неговите добавувачи, а во знак на благодарност, болница во Брајтон му понуди редовна локација на којашто може да го продава кафето.

Фото: Facebook