Кафуле во Подгорица веројатно е единственото што во своето мени има ставка “не сакам ништо” која чини половина евра. Веднаш потоа одлучиле да ја воведат и ставката чаша вода од чешма за истата цена, пишува Вијести.
Несекојдневната деловна политика е последица на гужвата што секојдневно ја прават гимназијалците од училиштето во близина. Како што вели еден од келнерите за Вијести, седнуваат по десетина, од нив тројца нарачуваат кафе, а останатите секогаш велат “не сакам ништо”.