Кафуле во Виена наплаќа по едно евро за полнење мобилен телефон

61

telefon

Сопственичката на едно кафуле во Виена на гостите им наплатува по едно евто доколку ги полнат мобилните уреди (телефони, таблети), пишува австрискиот портал The Local.

Гостинка во кафулето се изненади кога на својата сметка виде дека ѝ е наплатено и користењето на електрична енергија и објави фотографија на социјалната мрежа Facebook.

Сопственичката и менаџерка на кафулето, Галина Покорни почнала да им наплатува по едно евро на гостите кои предолго ги полнат своите уреди.

“Ако гостинот го полни уредот повеќе од два часа ќе му биде наплатена услугата. Секојдневно се соочувам со голем број на туристи кои ги полнат своите телефони, фотоапарати и таблети“, вели сопственичката.

Австрискиот портал наведува дека според законот може да се наплати употребата на електрична енергија, но претходно мора да се информира гостинот.