Кајли Џенер сепак не е милијардерка

72

Магазинот Forbes повеќе не верува дека Кајли Џенер од ријалити семејството Кардашијан – Џенер е милијардерка. Иако во март минатата година, таа беше прогласена за најмлада милијардерка во светот, која сама успеала да го заработи своето богатство, Forbes смета дека нејзиниот имот и не е толку голем.

Оттаму наведуваат дека откако ги разгледале финансиските податоци на компанијата Coty, којашто купи 51% од акциите на Kylie Cosmetics во ноември лани, податоците покажуваат дека нејзиниот бизнис е значително помалку профитабилен од она што претходно се мислело.

Forbes засега богатството на Кајли го проценува на околу 900 милиони долари.

Фото: Twitter