Како багажникот покрена револуција во историјата на Renault

190

Од транспорт на сено до торби за голф, како поклопецот од багажникот успеа да распали искра на револуција во Renault

Renault 4 е претставен во 1961 година, во време кога Французите почнале да мигрираат од селата во градовите. Меѓутоа, мрежата за јавен превоз не можела да ги задоволи сите потреби на жителите на периферијата од градовите. Така се појавила желбата за возило кое е подеднакво примерно и за село и за град, за одење во купување и возење до работа.
Во тоа време и се поголем број на жени се вработувале, а куповната моќ на домаќинствата почнала да расте. Автомобилот кој набрзо ќе се прослави под називот „четворка“ во тие околности се покажал како совршен, секогаш достапно решение за градските и селските патници – и тоа благодарение на скромниот поклопец на багажникот.
Преземено од Avtoplus.mk