Како безгрижно да заминете на одмор и да не мислите на бизнисот

31

sand-768783_960_720

Фото: Pixabay

Одморот е од клучно значење за намалување на стресот и полнење на батериите. Но, кога сте сопственик на бизнис, мислата за неговото “напуштање“ може да биде стресна. Заминувањето некаде на одмор нема да ви го намали стресот ако постојано размислувате како ќе функционира компанијата без вас. Без разлика колку сте посветени на работата, потребно е да одвоите време за одмор и да се релаксирате од секојдневните обврски.

Овие неколку совети ќе во помогнат да заминете на одмор без да се оптоварувате за ефикасноста на водењето на бизнисот и компанијата од страна на вашите вработени.

Започнете со планирање навреме

Почнете навреме со планирањето. Известете ги вашите клиенти, соработници и колеги дека ќе заминете на одмор и ако сте им потребни за извршување на некоја работа, пренесете им до кога им стоите на располагање. Завршете ги сите обврски и заминете уверени дека немате оставено недовршени активности.

Назначете соодветна замена

Ако вашата компанија продолжи да работи додека сте на одмор, пронајдете соодветна замена. За секоја важна задача што ја извршувате, обучете уште една доверлива личност во вашата компанија да ја извршува таа задача.

Бидете јасни за достапноста

Известете го вашиот тим за достапноста, односно во кој период од денот би им одговарале на повици или електронска пошта, ако воопшто се одлучите да контактирате со нив додека сте на одмор.

Не ги заборавајте тековните обврски

Внимавајте навремено да ги платите сметките или одржите состаноци. Бидете сигурни дека нема да разочарате некој што очекува да се сретне со вас. Колку повеќе посветувате внимание на деталите пред да заминете, поголема е веројатноста да се вратите освежени на работа.

Подгответе листа на обврски

Подгответе листа на тековни проекти и рокови кои вашиот тим мора да ги исполни додека отсуствувате.