Како брзо да го продадете автомобилот

219

Итна продажба обично значи дека станот или автомобилот оди под цената, затоа што продавачот брза да ги продаде. Кога станува збор за возило, причините се различни, а најчесто станува збор за потреба од пари или набавка на нов автомобил. Целта е  ослободување од старото возило што е можно поскоро. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја забрзате продажбата.

Прво нешто што мора да го направите е добро да го измиете, избришете и исчистите автомобилот. Тоа остава впечаток дека сопственикот се грижел за возилото.

Може дури и да го исполирате, и да ги исчистите гумите за автомобилот за да блесне кога клиентот ќе го погледне. Посветете внимание на деталите, доколку патосниците на автомобили се истрошени и многу стари, заменете ги со нови, исчистете го пепелникот, исчистете ги прозорците од внатре и темелно исчистете ги сите места во автомобилот на кои претходно не сте обрнувале многу внимание.

Поправете ги ситните оштетувања на автомобилот: светло кое не работи, скршен фар, испукан браник или слично. Тоа не би требало да чини премногу, а може да ја зголеми цената на автомобилот. Доколку моторот не е во одлична состојба, потребно е да го замените моторното масло и некои други ситници, како што се филтерот за масло и филтерот за воздух, ако не сте ги смениле подолго време. Потоа, избришете го моторот колку што можете повеќе, но не го мијте целосно затоа што клиентот може да помисли дека се обидувате да скриете нешто.

Определете фер и реална цена за вашиот користен автомобил врз основа на претходните истражувања од огласи на интернет. Погледнете колку се движат цените за модели како вашиот и проценете колку е добар вашиот автомобил. Откако ќе ја одредите цената, треба да напишете добра реклама.

Огласот мора да биде краток и разбирлив, со сите потребни информации. Бидете сигурни да напишете за кој модел станува збор, староста, техничките карактеристики на моторот… Исто така, наведете ја километражата што ја имате и до кога важи регистрацијата на возилото. Ако редовно сте го сервисирале, забележете и дека имате сервисна книшка. Вклучете слика од автомобилот во вашиот оглас, бидејќи на тој начин продажбата ќе биде поефикасна.

Поднесете ја вашата реклама на што повеќе сајтови за огласи за автомобили, или во весници, бидејќи тоа ги зголемува шансите за продажба. Откако ќе го доставите вашиот оглас, подгответе ја целата потребна документација за да можете брзо да ја финализирате продажбата кога ќе го пронајдете купувачот.

Дополнителен совет е да не го фалите премногу вашиот автомобил, бидејќи тоа може да биде знак дека нешто не е во ред. Бидете реални, посочете ги сите недостатоци, но и предностите.