Како да бидете лидер, а не “контролен фрик“

452

Важно е да преземете одговорност за вашиот тим, но немојте да мислите дека сте најпаметни.

Дали имате проблем како одговорно лице да не верувате на никој дека работата ја извршува како што треба и сè лично да проверувате? Еднаш штом ја преминете таа линија ја загрозувате можноста да бидете лидер.

Еве пет ефикасни стратегии да престанете да бидете “контролен фрик“ и да станете лидер во својот тим.

Ставете го вашето его настрана

Колку и да е болно да признаете, вие не сте најпаметни во светот. Затоа, престанете да се обидувате да бидете тоа. Покажете ги вашите недостатоци и намалете го егото.

Побарајте повратна информација

Повикајте доверлив колега да забележи како се однесувате и како комуницирате со другите за време на состаноците. Бидете подготвени да ги прифатите нивните повратни информации и посветете се на промена.

Кажете им ги вашите намери

Кога недостасуваат фактите, луѓето измислуваат работи. Ако вашите намери не се јасни за вашиот тим, тие веројатно ќе им изгледаат сомнително. Одвојте време да ги убедите дека ја заслужувате позиција на која сте. Кога ќе почувствуваат дека им обезбедувате “штит“, тие повеќе ќе ја ценат вашата улога и посветеност.

Кога треба да се консултираат со вас

Објаснете му на вашиот тим кога можат да работат без вас и кога треба да се консултираат со вас. Објаснете им дека можеби ќе треба да одобрите повеќе ставки отколку што сакате, додека вработените не развијат вештини и искуство за да донесат свои одлуки.

Изберете и обучете ги најдобрите

Вработете и обучувајте луѓе кои се значително поталентирани од вас. Разберете дека вашата улога е да ја градите нивната доверба и талент, така што другите лидери во вашата компанија тоа ќе го забележат. Запомнете, како група сме попаметни од која било личност!

Фото: Pixabay