Како да бидете подобар лидер

225

Можеби мислите дека сте добар лидер и повеќето го мислат тоа за вас, но секогаш добриот може да биде уште подобар. Доколку пак сметате дека навистина треба да работите на своите лидерски вештини, следниве неколку совети се токму за вас.

Контролирајте ги своите емоции

Ако владеете врз своите емоции и не дозволувате да биде обратно, ќе може да се посветите на лидерството многу подобро.

Усовршување

Од вас секогаш ќе има подобри од кои ќе можете да учите како поуспешно да ги водите своите луѓе. Бидете човек кој денес се стреми да стане подобра верзија од вчера.

Комуницирајте 

Не треба само да коментирате, но не треба и само да слушате. Направете баланс во комуникацијата со останатите. Слушнете што имаат да кажат и понудете го најдобриот совет/решение што го имате.

Признајте кога грешите

Едноставно не е возможно секогаш да сте во право. Ќе изгледате многу похумано ако си ги признавате грешките. Не е точно дека тоа е реакција на слабост, баш напротив, само оној со силна самодоверба без проблем признава кога греши.

Бидете дел од тимот

Секогаш бидете присутни на случувањата и помагајте кога треба. Не се изолирајте, така ќе дадете лош пример за останатите. Работата секогаш подобро оди кога сите соработуваат заедно.

Верувајте за да заслужите доверба

Ако не верувате во своите следбеници, ако ја “поткопувате“ секоја нивна идеја, нема да веруваат ни тие во вас како лидер. Дури и кога ќе направат грешки, потенцирајте дека секој човек греши, но може да се поправи. Само така ќе поттикнете волја и желба за работа.

Фото: Pixabay