Како да бидете успешен претприемач кој има слободно време

76

Во потрагата по успех никогаш немаме доволно време за себе и за своите најблиски. Но, претприемачите се прилагодуваат на овој начин за живот, којшто значи често жртвување на приватниот живот.

“Стратешки“ активности со пријателите

Многу е важно кога поминувате време со вашите пријатели да не дозволите да се преминат некои граници. Ако имате утрински задолженија секако дека не треба да заглавувате до доцна. Вашите пријатели треба да знаат кога и колку сте слободни и да го почитуваат тоа. Исто така тоа важи и за вас. Договореното време и место треба да се почитува и однапред да се планира.

Јасна комуникација

Доколку имате пријатели кои не се претприемачи, можеби и нема во целост да ве разберат кога ќе кажете дека едноставно немате време. За да не се почувствуваат изиграно важно е да комуницирате со нив и да им објасните како стојат работите и колку би “жртвувале“ во ваква или онаква ситуација.

Попладне/вечер за целосно опуштање 

Еднаш во неделата мора да си “резервирате“ попладне или вечер кога целосно ќе се опуштите со пријателите. Тоа е многу подобро отколку секој ден да барате малку време за да се видите набрзина. На овој начин ќе имате повеќе контрола врз целиот ваш распоред на обврски и слободно време.

Нови пријателства

Понекогаш кога имате бизнис на којшто деноноќно работите и го развивате треба да ги проширите вашите хоризонти. Тука доаѓаат во предвид разни настани, организации, групи за вмрежување со претприемачи од вашата, но и од други индустрии. На овој начин ќе ја комбинирате забавата и работата.

Фото: Pixabay