Како да дојдете до финансии за вашиот мал бизнис

76

pari-rastat-pexels

Фото: Pexels

Барањето финансиски средства треба да започне со добар бизнис план. Ако имате подготвено јасен и конкретен план за вашиот мал бизнис, шансите да добиете финанасии се значително поголеми.

Кредиторите и инвеститорите сакаат да видат доказ дека клиентите го сакаат вашиот производ или услуга и се подготвени да ги купат за цена со која вие може да остварите профит.

Колку поверодостоен доказ можете да понудите, толку поголеми се шансите да ги добиете посакуваните средства. Вашиот план треба да покаже добар потенцијал за профит во краток временски период.

Колку е повисока стапката на повратни средства и брзината за која може да да се произведат, толку поголеми се шансите за добивање финансии. Вашиот бизнис план треба да има дефинирана таргет група на пазарот, со доволна големина и потрошувачка моќ да произведе профит.

Инвеститорите преферираат поголем пазар со голем потенцијал за развој. Тие ги одбегнуваат оние бизниси кои сакаат да бидат “се за секого”. Бизнис планот треба добро да објасни зошто вашиот продукт или услуга е подобар од конкуренцијата.

Треба да покажете способност дека можете навреме да го испорачате производот или услугата и да гарантирате за нивниот квалитет, но и дека менаџерите и вработените имаат искуство и се способни да ја направат компанијата успешна.

Покажете дека и вие самите сте направиле мала инвестиција во вашиот бизнис. Ако вие не верувате во вашиот бизнис подвиг, не очекувајте другите да веруваат.

Треба да имате јасна, прецизна и остварлива стратегија за развивање и проширување на вашиот мал бизнис. Покажете ги реалните финансиски сценарија, како оптимистичките, така и песимистичките.

Потенцијалните кредитори и инвеститори сакаат да бидат сигурни дека парите ги вложуваат во нешто реално и остварливо. Затоа бидете реални, но направете добра проценка на потребните финансии.