Како да ги користите гестикулациите за да го постигнете тоа што го сакате?

25

smeenje

Фото: Pexels

Говорот на телото не е само нешто што може да се научи. Повеќето емоционални експресии доаѓаат вградени во нашиот систем. На пример, научниците од Колумбија забележаа исти реакции на кај луѓето на Параолимпијадата.

Иста експресија на победа имаат двете лица, а лицето од десната страна е слепо.

Значи, ако говорот на телото е вкоренет и е толку моќен за да ја изрази вистинската емоција, како можете да го користите за да го постигнете она што го сакате?

Еве пет пози што можат да ви помогнат да го подобрите говорот на телото:

1. Фокусирајте се на позицијата на стапалата

Најчесто се фокусираме на горниот дел од телото, а сепак стапалата искажуваат повеќе емоции отколку што можете да замислите.

Кога им приоѓате на две лица што разговараат, тие ќе реагираат на два начина. Ако стапалата на колегите останат на исто место, а тие само со торзата се свртат кон вас, тоа значи дека не сакаат да им се приклучите во конверзацијата. Но, ако и со стапалата се насочени кон вас, тогаш тие вистински сакаат да партиципирате во конверзацијата.

2. Смејте се – ќе бидете посреќни

Луѓето се смеат кога се среќни. Но, дали функционира и обратното? Луѓето што се смеат без вистински да чувствуваат среќа, можат да си влијаат да бидат посреќни. Се чини дека начинот на којшто ги чувствуваме емоциите не се ограничени само на мозокот – постојат делови од телото што помагаат да ги зајакнат тие чувства.

Пробајте да се насмеете во некое тивко место пред тежок разговор, интервју за работа или состанок. Тоа може да ве направи само поуспешни.

3. Практикувајте “моќни пози“ пред важен состанок

Ејми Кади од Харвард предлага 2-3 минути пред некој важен состанок да ги примените трите “моќни пози“.

4. Наместете го телото да биде складно со телото на соговорникот

Ако се обидете да ги усогласите телата со соговорникот, тогаш ќе успеете да ја намалите тензијата при разговорот.

5. Добијте длабочина во гласот со длабоко дишење

Веројатноста мажите и жените со подлабоки гласови да дојдат на лидерски позиции е поголема и обично се восприемаат со поголем авторитет. За да добиете длабочина во гласот, дишете длабоко пред важна конверзација. Тоа ќе го релаксира грлото, со што ќе добиете длабочина во гласот.