Како да ги “натерате“ луѓето да ви одговорат на имејлот

27

finger-2056030_960_720

Фото: Pixabay

Електронската пошта лесно се испраќа, но и лесно се игнорира. Овие неколку совети ќе ви помогнат да ја “натерате“ личноста да го прочита мејлот што сте го пратиле и да ви врати одговор.

Побарајте дозвола за комуникација

Праксата покажува дека најдобро е првиот контакт да го насочите кон добивање на дозвола за понатамошна комуникација, отколку веднаш да ги нудите вашите услуги или поставувате барања.

Изберете погодно време

Ако испраќате мејл на личност која е презафатена, внимавајте на времето. Најдобро е да го испратите кон крајот на неделата, пред викенд, кога повеќето шефови и директори имаат повеќе време да се посветат на “чистење“ на електронската пошта.

Побарајте одговор во насловот

Звучи едноставно, но сè што треба да направите е да побарате одговор. Ако сакате да добиете одговор на вашата електронска пошта, “алармирајте“ ја личноста во насловот на мејлот. Кога во насловот ќе напишете дека очекувате повратен одговор, постои поголема шанса и да го добиете.

Започнете ја пораката со јасно барање

Уште на почетокот на вашиот имејл наведете што барате и до кога е крајниот рок. Испратете кратка и јасна порака без заобиколување и комплицирана содржина. Јасно напишете што сакате и како може да стапат во контакт со вас. Колку е појасна пораката, толку се поголеми шансите да добиете одговор.

Не заборавајте на поздравот

Кога имејлот започнува без да се обратите до примачот по име, тој би претпоставил дека пораката е испратена масовно и не е потребен повратен одговор.

Бидете упорни, но пристојни

Ако не сте добиле одговор на мејлот, повторете го за два дена. Но, ако и по вториот и третиот испратен мејл не добиете повратен одговор, тогаш најдобро е да се откажете.