Како да ги “преживеете” долгите патувања

25

avion

Фото: Pexels

Сменивте три временски зони, два авиона и сте поминале навистина долго време во лет. Сето тоа може да биде крајно истоштувачки, па затоа еве неколку совети како полесно да го поминето долгото и напорно патување.

Неколку недели пред патувањето потрудете се добро да спиете и редовно да вежбате. Јадете здрава храна, одбегнувајте кофеин и внесувајте доста течности.

Додека сте на аеродром и чекате да влезете во авионот, бидете што поактивни, шетајте наоколу наместо да седите во место до последен момент.

Во авионот побарајте чај од билки наместо кафе или некој друг пијалок.

Кога полетувате и слетувате држете ги очите затворени неколку минути и потрудете се да се опуштите.

Доколку можете малку прошетајте во авионот колку да го раздвижите телото.

Потрудете се за време на летот да не користите лаптоп, таблет или да читате нешто што ве заморува како извештаи за работа.

Користете влажни марамчиња, односно козметика со мирис на лаванда или еукалиптус. Мирисот од нив опушта и одмара.

Кога ќе пристигнете немојте веднаш да легнете во кревет. Синхронизирајте го своето тело со моменталната временска зона и пробајте да го фатите ритамот.