Како да ги заинтересирате купувачите

25

kupuvac

Фото: Pixabay

Ваша цел е да оставите добар впечаток и да го заинтересирате клиентот за тоа што го нудите. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

Прашања со потврден одговор

Не преминувајте веднаш на придобивките од вашиот производ/услуга. Почнете со прашања на коишто единствениот одговор би бил ДА. Со тоа ќе го навлечете купувачот на дијалог и ќе добиете малку време.

Дознајте ги нивните потреби

Поставувајте конкретни прашања од чии одговори ќе дознаете што точно им треба на клиентите. Слушајте внимателно што ќе кажат и забележете ги нивните одговори и забелешки. Потрудете се да дојдете до точка каде што ќе увидат дека тоа што го нудите навистина им треба.

Кажете го тоа што сакаат да го чујат

Штом ќе ги дознаете нивните потреби, поврзете ги истите со придобивките на вашиот производ/услуга. Ставете акцент на материјалните бенефити што вашиот производ ќе им ги донесе, наместо само да ги наведувате неговите карактеристики.

Докази и точни бројки

Користете само проверени докази и бројки за да им дадете тежина на вашите тврдења и јасно да ги прикажете придобивките на тоа што го нудите. На пример, “Ако го купите нашиот производ ќе заштедите 2.000 денари, во споредба со вашиот моментален снабдувач”, и слично.

Слободно спомнете ја конкуренцијата

Не одбегнувајте да ја спомнете конкуренцијата и нивните производи/услуги. Но, ставете акцент на уникатните придобивки што вие ги нудите и повторно прикажете релевантен доказ.