Како да го добиете тоа што го сакате

32

ribolov

Фото: Pexels

Што ве тера да мислите дека не можете да започнете свој бизнис, да ја продадете или да ја напуштите компанијата? Дали имате соништа кои ви се чинат неостварливи? Се плашите да промените било кој аспект од животот? Вие сами можете да бидете архитекти на сопствената среќа и успех. Направете ја 2013 година најдобра година досега. Поставете си ги целите и понесете 100% одговорност за својот живот.

Поставете си цели и довршете ги работите до крај

Пред да ги пробате новите знаења во пракса, мора да си поставите одредени цели. За жал, во повеќето случаи луѓето од самиот почеток се осудуваат на неуспех, бидејќи се “програмирани” за него. Зошто? Бидејќи не си ги поставиле најважните цели, кои треба да бидат остварливи и реални. Проблемот е во тоа што луѓето си поставуваат повеќе цели одеднаш и во еден момент некои стануваат невозможни за достигнување. Всушност, не треба да се повеќе од три цели, насочени кон здравјето, благосостојбата и односите со околните. Ако сакате да живеете среќен живот, тоа е се што навистина ви треба.

Ако креирате едноставни и искрени цели, ќе останете фокусирани. Умот ќе биде насочен кон најважно. Она што е поврзано со овие цели ќе се издвојува над се останато, а непотребните нешта ќе се филтрираат.

Направете ментална карта за тешкиот пат до финалето

Добро, ги определивте целите. Сега треба да направите работите да се случат. Треба внимателно да ги исцртате чекорите кон замислените цели, за да стигнете до крај. Лесен начин да се случи ова е да немате премногу детали. Треба да мислите за “големата слика”, а не за секој детал одделно. Наутро кога ќе се разбудите, направете ментална карта на она што сакате да ви се случи во текот на денот. Размислете за тоа што можете да направите подобро од претходниот ден, замислете како точно сакате вашиот живот да изгледа овој ден. Така ќе одите напред во реализацијата на целта.

Фокусирајте се на тоа што го сакате

Ако мислите дека ќе најдете лесен начин за успех, следејќи одредени рецепти во некоја книга, сериозно грешите. Вие сте претприемач. Треба да формирате свои мислења, да најдете свој пат кон успехот и да престанете да ги слушате луѓето кои ви кажуваат што “треба” да направите. Тука не зборуваме за волја – јасно е дека имате волја. Треба да се фокусирате на тоа што го сакате, а не на она што не го сакате. И да останете сконцентрирани на тоа. Луѓето со цел во животот го менуваат светот и ништо нема да ве спречи да бидете меѓу нив.