Како да го добиете вистинскиот фидбек од клиентите?

41

fidbek

Фото: Pexels

Голем дел од компаниите не го добиваат фидбекот што го очекувале од спроведените анкети. А секој продавач знае колку е потребен искрен фидбек за производот или услугата што ја нудат, со цел да можат истите да ги направат подобри, односно да ги скројат според потребите на клиентите.

Зошто да нудите награди кога нема ефект

Можеби мислите дека најдобар начин да добиете повеќе и поискрени одговори во анкетите е да понудите награди како купони или попуст. Ова е едно од најлошите нешта што можете да ги направите – потрошувачите нема да бидат доволно искрени од причина што ќе мислат само на наградата.

Како да создадете анкета што ќе функционира?

Само погледнете во кој правец се движи контент маркетингот и како луѓето пристапуваат на интернет. Општеството се менува во целина – луѓето сакаат моментално да бидат задоволени и не сакаат да поминуваат премногу време на една работа. Токму затоа содржината во видеата е моментално најдоминатен тип на содржина. И анкетите треба да го следат примерот – што покусо тоа подобро. Престанете со непотребните прашања и одбегнувајте да прашувате нешто што вклучува лична информација. Анкетите треба да се целосно анонимни и да бараат што помалку напор од клиентот. Ефикасните анкети вклучуваат прашања што нудат повеќе понудени опции за одговор со изборен дел за подетелни коментари.

Притискање на постојаните клиенти

Испробан и проверен начин да добиете добар фидбек од потрошувачите е да им пратите follow-up – имејл кога ќе купат нешто. Сите големи компании што се занимаваат со продажба го прават тоа. Сепак треба да внимавате да не бидете досадни. Најпрво пратете само една молба за фидбек. Никогаш не праќајте повеќе од една молба за фидбек зошто многу брзо можете да се најдете во спам сандачето. Вашите одговори нека бидат кратки и јасни. Објаснете во пораката зошто е важно за вашиот бизнис да добиете фидбек и покажете што добрата повратна информација направила за вашето работење во минатото. Нема полошо од тоа да прашувате за фидбек, никогаш да не преземете ништо во врска со тоа.

Кому треба да пратите анкета?

На личностите што го движат вашиот бизнис напред. Од нив можете да побарате подетален фидбек од причина што тие веќе го сакаат вашиот производ/услуга и го ценат вашиот бренд. На пример, авторите на книги одлично се снаоѓаат со ова – на своите лојални фанови однапред им даваат копија во замена за фидбек. На тој начин читателите всушност го добиваат тоа што навистина сакаат да го прочитаат. Истото важи и за секој друг бизнис.