Како да го импресионирате менаџерот за човечки ресурси

36

hr-2-pixabay

Фото: Pixabay

Во процесот на вработување, менаџерите за човечки ресурси бараат одреден сет на лични карактеристики кои треба да ги поседуваат кандидатите кои аплицирале за конкретната работа. Менаџерите може да најдат кандидати кои поседуваат технички вештини или капацитет да ги стекнат, но знаат дека особини како искреност, чесност, лојалност не се учат.
За да го импресионирате менаџерот за човечки ресурси, треба да покажете дека поседувате поголем дел од овие лични карактеристики, пишува Business Insider.

Искреност и доверливост

Овие две особини се од клучно значење бидејќи довербата е во сржта на секој одржлив однос.

Ентузијазам и пасија

Менаџерот сака да види дека ја сакате работата. Покажете дека ја следите работата на компанијата и се стремите кон постојано учење и придонес.

Љубопитност

Ако имате интелектуална љубопитност, тоа за менаџерот значи дека сакате да учите и да се подобрите. Ова е позитивна особина којашто сугерира дека не сте задоволни од статус кво положба.

Професионализам

Бидете пријателски расположени на интервјуто за работа, но не се однесувајте кон менаџерот како да ви е пријател. Облечете се пристојно, појавете се на време и придржувајте се до соодветни теми за разговор.

Тимска ориентиранoст

Менаџерите сакаат тимски играчи, бидејќи знаат дека за да се заврши успешно работата потребна е повеќе од една личност. Посочете ги проектите коишто успешно сте ги завршиле работејќи во тим, со тоа ќе покажете дека не сте соло играч.

Организираност и флексибилност

Менаџерите сакаат нивните вработени да бидат организирани, ефикасни и флексибилни. Дајте примери кога вашите организациски вештини довеле до решение на сложени проекти и дека сте способни да реагирате на различен начин во зависност од условите.

Посветеност и лојалност

Менаџерите за човечки ресурси сакаат да знаат дека сте подготвени да се жртвувате, за да ја добиете работата.

Самоувереност

Постои тенка граница меѓу самоувереност и горделивост. Затоа најдете златна средина и зборувајте со гордост за добро завршената работа без да звучите како “фалбаџија“.