Како да го “избркате“ грипот од канцеларија

30

Фото: Pixabay

Здравјето треба постојано да ни биде приоритет, особено зимно време кога владеат разни грипови. Лекарите постојано советуваат како да се заштитиме од бактериските и вирусните инфекции, а следниве неколку совети ќе ви помогнат да го “избркате“ грипот од канцеларијата.

Дезинфекција

Честопати се мисли дека тоалетот е највалканото место, но сепак тоа не е така. Многу повеќе нечистотија може да се собере на компјутерите, телефоните, кваките од вратите и сите уреди и предмети во работниот простор што често се користат. Затоа, трудете се да ги дезинфицирате со средства наменети за тоа.

Често миење на раце

Дури не треба ни да се споменува дека миењето на раце е основна здрава навика. Особено пред јадење, рацете треба да се чисти и по користење на тоалетот. Одржувајте ја нивната хигиена на највисоко ниво.

Одбегнувајте ракување и близок контакт

Кога е сезона на грип бидете максимално претпазливи. Одбегнувајте ракувања, близок контакт, собири во канцеларијата… Ограничете ги средбите колку што можете. Разговарајте телефонски, преку мејл и обидете се да ги завршите обврските без многу контакти во живо.

Зајакнете го имунитетот

Постојат повеќе начини да се зајакне имунитетот којшто има главна улога во борба против грипот. Јадете здрава храна, многу овошје и зеленчук, бидете физички активни, обезбедете си доволно сон, не пушете, пијте доволно течности (најмногу вода), одбегнувајте стресни ситуации…

Ако се придржувате до овие работи многу помали се шансите да “закачите“ грип.