Како да го мотивирате продажниот тим

56

sl1

Фото: Pixabay

За да има добри резултати, продажниот тим мора да биде мотивиран. За да создадете посилен, поуспешен тим, еве неколку ефикасни алатки за мотивација што би можеле да ги искористите:

Креирајте тимска атмосфера

Продажните тимови треба да бидат една целина, да работат заеднички за да ги остварат поставените цели. Луѓето во тимот треба да се дружат. Едноставна работа како заеднички ручек или кафе пауза ќе им даде можност да се поврзат меѓусебно и да бидат попродуктивни.

Одржувајте тимски состаноци

Дневни или неделни состаноци, на кои лидерот на тимот со зборови ќе ги мотивира останатите може да ја поттикне продуктивноста. Дури и кога резултатите не се добри, лидерот треба да остане позитивен и да го поддржи тимот пред “да излезе на терен”.

Водете евиденција за “победите”

Нека биде тоа обична табела или некаков систем, водете евиденција за “победите” на продажниот тим. Така ќе имате увид во тоа кој е најуспешен, а кому му треба малку помош. Воедно, следејќи ги резултатите, како лидер на тимот, ќе знаете која стратегија дава подобри резултати и што треба да се менува.

Организирајте тимбилдинг

Тимбилдингот не мора да биде испланиран со класични тимбилдинг вежби и игри. Може да биде и спонтан. Само организирајте да одите некаде надвор од канцеларијата и дружете се. Целта на тимбилдингот е тимот да се релаксира, да се забавува и да се поврзе на природен начин.

Бидете позитивни

Вашите акции и размислувања, кажани гласно, се рефлектираат врз тимот. Затоа обрнете внимание на вашето однесување и зборување за да бидете сигурни дека сте позитивни и дека вашите одлуки и зборови ги одразуваат вредностите на компанијата, визијата и целите кон кои се движите.