Како да го направите работниот простор попродуктивен

70

kancelarija

Фото: Pexels

Еве неколку работи што може да ги направите на вашето работно место, во канцеларијата или домот, кои ќе придонесат за подобра и попродуктивна работна атмосфера.

Вашето работно биро треба да биде свртено кон влезот на канцеларијата, односно работниот простор. Секогаш треба да гледате кој влегува во канцеларијата, така ќе го намалите стресот кој и без тоа е присутен додека се работи. Доколку преместување на работното биро не е можно да се изведе, ставете огледало.

Црвени цвеќиња на левата страна на работното биро, исто можат многу да влијаат на расположението како и на финансискиот успех.

Доколку работите од дома, ѕидовите на работната соба обојте ги жолти. Таа боја смирува и внесува ведрина додека работите.

Внимавајте како го осветлувате просторот каде што работите. Неонските светилки ги заморуваат очите ако работите подолго време на таква светлина. Подобро ќе биде истите да ги заменати со светилки кои даваат природна светлина (full-spectrum lights) или столни ламби кои не му штетат толку на видот.

Декорирајте ја канцеларијата со мала фонтана или аквариум. Според фенг шуи водата се поврзува со прилив на пари, а жуборот исто така ќе даде смирувачки ефект додека работите.

Квалитетот на воздухот на работното место е многу важен за подобра концентрација. На вашиот мозок му треба повеќе кислород додека работите, па затоа внесете го на природен начин преку саксиски цвеќиња, кои не само што ќе ја разубават канцеларијата туку и ќе го прочистуваат воздухот во неа. За подобри резултати одберете некои од следниве видови на саксиско цвеќе: Spatifil, Dracena, пеперутка палма, хризантема, бамбус палма, фикус, англиски бршлен.

Фрлете ги сите непотребни работи и исчистете го наредот на вашето работно биро. Организирајте ги сите документи и ставете се на свое место. Нередот може лошо да влијае на продуктивноста и да ви ги оттргнува мислите од работата. Затоа решете се од него.

Доколку немате поглед надвор од местото на кое што седите, закачете слика со зелено цвеќе или некоја комбинација која ќе ви го освежи погледот и ќе внесе ведрина за попропдуктивна работна атмосфера.