Во време на грипови и настинки најдобро што може да направите е да го зајакнете имунитетот по природен пат. Еве неколку начини како да го направите тоа.
Конзумирајте лук во свежа состојба, така најдобро ќе ги искористите неговите благодети. Иако миризбата може да биде непријатна, заборавете на тоа и додадете го овој навистина моќен зеленчук во вашата исхрана.
Витаминот Ц е многу важен за зголемување на имунитетот. Тоа значи многу свежо овошје и зеленчук, особено лимони, портокали, киви кои сега ги има во изобилие, потоа брокула, зелка и магдонос.
Спирулината која е еден вид на морска алга се смета за супер храна благодарение на нејзините одлични нутритивни елементи. Оваа алга освен што ја стимулира функцијата на имуниот систем, е богата со железо и селен кои се моќни антиксиданти.
Цинкот е уште еден многу важен минерал кој треба да биде застапен во вашето мени. Тој може да се најде во црвеното месо, пилешкото, рибата, млечните производи, јајцата, легумите, семките од сончоглед и тиква.
Најголемиот дел од вашата исхрана треба да се состои од непреработена природна храна, свежо овошје и зеленчук, легуми, семки и житарки со цело зрно, како и јаткасти плодови во умерени количини.
Добриот сон е исто така важен за подобрување на имунитетот. Не го одложувајте спиењето, дајте му го на вашето тело и мозок потребниот одмор за истите да можат правилно да функционираат.
Бидете физички активни, користете го сонцето и избегнувајте ги работите кои ви штетат, едноставно помогнете му на вашиот организам и тој ќе ви се оддолжи.
Фото: Pexels