Како да го “преживеете“ првиот работен ден по враќањето од одмор

18

odmor

Фото: Pexels

Враќањето на работа по одмор никогаш не е забавно. Деновите поминати во истражување на нови места, релаксирање, читање на омилените книги, станување доцна, веќе се зад вас.

Пред да заминете на одмор ги известувате колегите, соработниците, клиентите дека нема да бидете на работа и правите план сè да се одвива во најдобар ред. Како што правите план за вашето отсуство, исто така, важно е да воспоставите план и за вашето враќање на работните обврски. Овие неколку совети ќе ви помогнат полесно да се вратите на работните задачи.

Вратете се ден порано

Иако можеби ќе сакате да поминете ден повеќе уживајќи на плажа, подобро е да се вратите ден порано за да се стабилизирате пред да почнете со работа.

Направете листа на приоритети

Подгответе си листа на обврски што треба да ги направите првиот ден откако ќе се вратите на работа. Ако не може да се фокусирате и не знаете од каде да започнете, оваа листа ќе ви помогне да застанете на вистинскиот пат. Кога ќе ги видите сите пораки, електронска пошта и слично, ќе се потсетите на сите работи кои сте ги работеле пред да заминете на одмор. Почнете со извршување на приоритетните задачи.

Фокусирајте се на една задача

Не почнувајте да работите повеќе задачи одеднаш, бидејќи тоа не е најефикасен пристап. Тоа само ќе ве дефокусира и предизвика стрес, а само што сте се вратиле од одмор.

Проверете го календарот

Прегледајте го календарот. Проверете дали и кога имате закажано состаноци со клиенти и соработници во следните неколку дена.

Испланирајте средба после работа

Испланирајте средба со пријателите по завршувањето на работното време. Ако не сте најсреќни поради враќањето на работа, помислата дека за неколку часа ќе се сретнете со пријателите ќе ви помогне полесно да го поминете денот.