Како да го продадете својот производ

350

Неколку трикови за полесна продажба.

Покажете страст кон производот

За да можете да го продадете производот или услугата треба да верувате во нив, да стоите зад тоа што го претставуваат и да покажете страст кон самото решение. Ако клиентот забележи дека не сте “поврзани“ со производот, односно не му верувате доволно на тоа што го нудите тешко дека ќе сака да купи нешто од вас.

Внимателно слушајте

Многу продажни агенти грешат кога премногу зборуваат. Слушајте ги потенцијалните купувачи и не избрзувајте со понудата. Колку помалку зборувате толку поголеми се шансите да продадете нешто. Поставете ги првичните прашања и слушајте што на клиентот навистина му треба.

Фокусирајте се на целта и вашите верувања

Ваша цел е да продадете и верувате во тоа што го нудите. Стојте зад тоа дека можете сè да продадете секому. Вклопете го и интегритетот и фактот дека тоа што го продавате има голема вредност и решава нешто.

Поставете ги вистинските прашања

Треба да знете што клиентот сака за себе и како се чувствува. Внимавајте со прашањата. Срочете ги така за од нив да произлезат потребните одговори. Само така ќе умеете успешно да продадете.

Бидете продавач од каков што би купиле вие

Замислете дека вие треба да купите нешто од некого. Каков сакате продавач да имате пред вас? Некој што ги разбира вашите потреби и точно знае што треба да ви понуди.  Човек кој не ветува премногу, но го исполнува ветеното. Бидете продавачот од кој вие би купиле – флексибилен, фер и достоен на зборот.

Фото:Pixabay