Како да го продолжите животниот век на автомобилот

135

Може да имате квалитетен и скап автомобил, но доколку не се грижите и не го одржувате, за релативно брзо време ќе се соочите со сериозни проблеми и трошоци.

Основното одржување е едноставно и секој автомобил со себе има упатство за најважните елементи и негови делови.

Едно од најосновните елементи за одржување и менување на маслото на моторот. Некои сметаат дека промената на маслото треба да се направи на 10.000 километри, други на 6.000 или 7.000 километри. Но, промена на маслото кај секој автомобил е различна. Освен маслото, неопходно е да се направи промена и на филтри и останати мали делови, што за автомобилот се редовен потрошен материјал.

Како старее возилото, се создаваат наслаги на моторот без оглед на тоа колку добро се одржува. Чистењето на моторот може лесно да покаже како работи “мозокот“ на автомобилот, дали случајно се губи или тече масло.

Редовно посетувајте автомеханичар на којшто му верувате или носете го автомобилот во овластен сервис. Препорачливо е најмалку два пати во годината да го однесете автомобилот на преглед, без да има некоја сериозна аномалија, за да се увиди во каква состојба е возилото.

Центрирање на возилото е важна постапка за нормално и безбедно возење, како и зачувување на гумите. Центрирањето најчесто се прави по секоја поправка на системот за управување, но и по секоја замена на гумите.

Не возете на резерва. Ова е многу важен совет, бидејќи не само што може да ве остави возилото на “сред“ пат, можни се и проблеми со пумпа или други делови.

Заштитете го возилото од неповолни временски услови. Ако имате услови, чувајте во гаража или на покриено место за да не биде директно изложено на силно сонце, дожд, град или други временски неприлики што можат да ја оштетат не само бојата, туку и каросеријата.

Секогаш грижете се за чистота на внатрешноста на возилото. Седиштата, патосот, стаклата и шал таблата нека ви бидат секогаш чисти. Не мора да користите скапа козметика за автомобили, доволно е со влажна и чиста крпа да ги поминете површини. Така придонесувате за поголема безбедност, поудобно и попријатно возење.

Фото: Pixabay