Како да го заштитите мобилниот телефон од бактерии

137

Не сме ни свесни колку пати во текот на денот го држиме мобилниот телефон во рака. Логично е телефоните да бидат извор на различни бактерии, бидејќи ги допираме со нечисти раце, ги оставаме на нечисти површини…

На ова особено треба да бидеме внимателни сега кога постојано слушаме како корона вирусот се шири низ светот и кај нас. За да не си ја ускратиме употребата на мобилниот, треба да го чистиме исто како што редовно ги миеме рацете со вода и сапун.

Можете и сами во домашни услови да си направите средство со коешто ќе го исчистите мобилниот телефон, како и компјутерот што го користите дома и на работа.

За тоа ќе ви биде потребно дестилирана вода и алкохол од 70%. Во едно шишенце со распрскувач потребно до пола треба да го наполните со вода, а остатокот со алкохол. Убаво протресете ја содржината и течноста е спремна за употреба. Откако ќе ја нанесете на површината, убаво избришете или со хартиено или памучно марамче.

Фото: Pixabay