Како да го “живеете“ моментот

26

bubble-83758_960_720

Фото: Pixabay

Минатото и иднината честопати нè спречуваат да ја почувствуваме сегашноста, моментот што е тука и просто повикува на наша присутност. Планираме, замислуваме, се навраќаме на она што било, па повторно размислуваме – а што ако беше вака или онака… И така, најчесто испуштаме многу работи што ни се случуваат пред очите. За тоа да не биде така…

Отстранете предмети што не ви требаат

Минимализмот поттикнува на живеење во сегашноста. Кога ќе елиминирате некој предмет што ве асоцира на минато сеќавање ве ослободува и остава простор на случувањата во сегашноста.

Вашите мисли не ве контролираат

Многу често се идентификуваме со нашите мисли и дозволуваме да нè контролираат. Луѓето се многу повеќе од тоа. Самиот факт ќе ве натера да ја погледнете сегашноста и да ја живеете со полна пареа. Сè што треба да направите е да го ослободите умот од непотребни мисли.

Оставете го мултитаскингот

Една задача по друга. Заборавете на мултитаскингот. Кога готвите – гответе, кога пишувате мејл – пишувајте. Токму така се живее моментот, со фокусирање на една работа, еден човек, една ситуација.

Сакајте ја работата

Никогаш нема да бидете задоволни и среќни ако одењето на работа ви претставува мака. На тој начин трошите пет од седум дена во неделата на негативни емоции. Или најдете нова работа или фокусирајте се на нешто што ви причинува задоволство онаму каде што работите. Едноставно најдете позитив што ќе го живеете како што треба.

Оставете ги грижите

Ништо не можете да направите ако постојано се грижите за некоја работа врз којашто немате контрола. Не губете време на празни размислувања, ќе испуштите многу попатни работи. Штом не сте во состојба да решите одреден проблем или ситуација, не дозволувајте грижата да ви го уништи моментот.

Кога разговарате со некој, слушајте

Честопати се случува да не го слушаме соговорникот и да одлетаме на друго место со мислите. Тоа не е во ред. Бидете присутни, слушајте и поврзете се со човекот што е пред вас, во тој момент, на тоа место.