Како да избегнете пад на продажбата за време на празничните денови

22

winter

Фото: Pexels

За некои компании празниците носат големи приходи. Но, други компании не се толку среќни. Лицата за контакт на вашиот продажен тим и нивните носители на одлуки се надвор од канцеларија, патуваат и трошат време со пријателите и семејството.

Кога се занимавате со продажба претстојниот период може да се чувствува многу поинаку. Стресот може да биде поголем поради напорот да ги затворите договорите и соочите со предизвикот дека буџетот на клиентот и одлуките најчесто се одложуваат до јануари и повеќето клиенти се надвор од канцеларијата поголемиот дел од месецот.

Овие неколку совети кои ќе ви помогнат да избегнете пад на продажбата за време на празничните денови.

Тајминг

Добриот тајминг игра клучна улога во надминувањето на овој период. Тоа значи дека треба да дознаете што вашите клиенти прават и што им треба во оваа сезона. Не заборавајте да им испратите мали подароци како репрезентативен материјал (календари, нотеси, постери…).

Објавете содржина

За време на празниците луѓето можеби нема да го бараат вашиот бизнис туку ќе бараат содржина. Искористете ги предностите на интернетот за пребарување преку создавање на сопствени сезонски содржини. Со вистинската содржина и клучни зборови, веб-страницата на вашата компанија може да ја забележат потенцијални клиенти. Кога ја изработувате вашата содржина имајте во предвид две работи: што им треба на вашите клиенти и што бараат онлајн.

Дополнителна понуда

Upselling (дополнителна понуда) е одлична продажна техника што може да се користи во текот на целата година. За време на празниците тешко може да се најдат нови клиенти. Одличен начин да ги зголемите потрошувачите е да создадете пакет на вашите производи и услуги.

Понудете попусти

Еден од најдобрите начини да привлечете нови клиенти е да ги користите вашите постоечки клиенти. Покажете благодарност и великодушност кон вашите постоечки клиенти, понудете им попусти з вашите производи и услуги. Колку повеќе вашите клиенти се чувствуваат ценети, толку повеќе нови клиенти ќе донесат за вас.