Како да изберете безбедна лозинка за вашите профили

13

passwords-10x10-FB

Електронска пошта, социјални мрежи, онлајн платформи за разговори, трговија преку Интернет… се само дел од услугите што ги користиме секојдневно, а за кои е неопходна лозинка за задржување на приватноста.

Многу често се случува при креирање на профил на Facebook или Skype набрзина да смислиме некоја лозинка, којашто е лесна за паметење. Но, во исто време со тоа правиме нашите лични податоци и приватни разговори да бидат лесна цел на хакери. Поради тоа, многу е важно да обрнеме внимание на дигиталната безбедност, а чекор кон тоа е креирање на безбедна и “силна“ лозинка.

Идеалната лозинка треба да биде лесна за паметење, но и доволно комплексна за да не може да се пробие. Посебна претпазливост е потребна при избор на лозинка на профил за електронско банкарство или на интернет страници за електронска трговија.

Постојат неколку трикови за создавање безбедна лозинка, којашто нема да биде проблем да се запамети.

  • Не користете цели зборови, лично име или презиме
  • Безбедна лозинка треба да има најмалку 12 различни карактери (букви, бројки, знаци, најдобро е да е комбинација од нив)
  • Користете различни лозинки за Facebook, Twitter, мејл, Skype…

И на крај, за да бидете сигурни дали сте избрале силна лозинка, можете да ја проверите на  https://password.kaspersky.com/.