Како да изберете вистински клиент

81

Важна точка во работењето на секоја компанија се нејзините клиенти. Не станува збор само за заработката што ви ја носат, туку и самата соработка. Постојат добри соработки, во кои двете страни активно комуницираат и имаат реални очекувања. А од друга страна постојат клиенти кои може да ви го “загорчат“ животот.

Карактеристики на добри клиенти

Плаќање

Вистинските клиенти ќе ги препознаете по тоа што разбираат дека треба чесно да платат за услугите што им ги давате. Добриот клиент ги исполнува договорените финансиски обврски.

Добра комуникација

Добриот клиент е добар комуникатор кој јасно, прецизно и на време објаснува што сака или што не му одговара.

Доверба

Штом постигнете договор и почнете со реализација на планот, добриот клиент нема нетрпеливо да чека и неколку пати дневно да проверува дали е завршена работата. Добриот клиент знае дека за секоја работна задача е потребно време.

Карактеристики на тешки клиенти

Не го почитува вашето време

Клиентот кој мисли дека има право да ве повика во било која доба од денот или ноќта (освен некоја итна ситуација) е клиент кој не го почитува вашето време.

Недостапност

Друга крајност на тешки клиенти се оние кои не се  достапни. Не одговараат на повиците и мејловите со денови па дури и недели, а кога ќе успеете да ги контактирате не покажуваат жалење или одговорност за своето однесување. Ваквото однесување сфатете го како сериозен проблем, бидејќи овие клиенти ќе бидат тешки за соработка, а и тешки за плаќање.

Нереални очекувања

Клиенти кои не се подготвени објективно да ја прифатат сумата што треба да ја платат за некој производ или услуга исто така спаѓаат во категоријата на тешки клиенти.

Неодлучност

Овие клиенти од вас ќе побараат една работа, а потоа се повлекуваат од процесот, се предомислуваат или бараат нешто друго.