Како да изберете вистинско име за вашиот бизнис

103

На почетокот на развојот на бизнисот, првиот и најважен чекор е да се осмисли име на компанија. Дилема со која се соочува секој претприемач кој ја започнува својата деловна идеја. Иако се чини едноставно, изборот на име не е мала работа и може многу да влијае на иднината на самата компанија.

Првиот чекор во создавањето бренд е добро име на компанија. Мора да биде лесно да се запомни и мора да предизвика јасна асоцијација. Во продолжение неколку совети како да го креирате име на компанијата.

За почеток поставете си неколку прашања:

Дали е името лесно за памтење?

Дали се изговара тешко?

Како звучи кога ќе го изговорите на глас?

Има ли некое скриено значење?

Има ли негативно значење кога би се превело на друг јазик?

Дали името има смисла за тоа што компанијата ќе работи?

Доброто име на компанија е, барем за почеток, половина од работата. И не е невообичаено лошиот избор на име да ги натера луѓето да ве перцепираат лошо и да размислуваат лошо за вашиот бизнис.

Совети за избор на име

Проверете ги имињата на веб-страниците, ако е веќе зафатено, размислете повторно.

Пребарајте по интернет- дури и ако никој го нема вашето име, проверете што добивате кога во пребарувачот ќе го напишете името кое сте го одбрале.

Комуницирајте со други – прашајте некој на кој му верувате. Нека ви каже на што го асоцира името и колку е впечатливо.

Бидете креативни – Размислете за реакцијата што ја сакате од луѓето кога ќе го слушнат името на компанијата. Напишете ги асоцијациите на парче хартија и сортирајте ги според значењето.

Потрудете се името да биде кратко и лесно за изговарање.

Како големите компании ги добиле своите имиња

IKEA

Основачот Ингвар Кампрад името на својата фирма го направил според своите иницијали И.К. на кои ги додал првите букви од Elmtaryd and Agunnardy, името на имотот и селото во кое израснал.

LEGO

Lego е комбинација од данските зборови leg got што значи “си играме убаво“.

SKYPE

Името на познатата мрежа настанало со спојување на зборовите sky што значи небо и комуникацијата peer-to-peer односно директна конекција. Првенствено било Skyper, но со времето една буква била исфрлена.

AMAZON

Џеф Безос сакал името на компанијата да започнува со А, за да биде на врвот на абецедата. Помислил на најголемата река во светот со надеж дека неговата работа ќе биде толку голема. И успеал.

Фото: Pixabay