Фото: Pixabay
Довербата на клиентите го движи бизнисот напред. Лојалните купувачи се тие кои овозможуваат компаниите да растат и токму затоа ја заслужуваат сета почит. Како да ја изградиме и зацврстиме довербата кај сегашните и идните клиенти, во продолжение.
Споделете ги минатите успеси
Она што добро сте го сработиле во минатото може многу да каже за вас. Секоја пофалба и препорака вреди да се сподели за клиентот да знае дека сте професионалец кој постигнува резултати. Како ќе се претставите пред нов потенцијален клиент е од клучно значење за градење на доверба.
Внимавајте со мејлот
Ефективен мелј значи да се биде релевантен, краток, да се каже она што треба, а притоа да се задржи пријателски тон. Ќе го прилагодите мејлот во зависност од нивниот стил. Може да биде помалку формален, но ваше задолжение е секогаш да се претставите како сериозен професионалец во бизнисот.
Почитувајте го времето на клиентот
Во ниеден случај не смеете да вршите притисок врз клиентот. Телефонските повици и состаноците треба да бидат во закажаното време. Откажување во последен момент или доцнење се неприфатливи ако сакате потенцијалниот купувач да ве сфати сериозно.
Бидете искрени и транспарентни
Доколку направите грешка или заборавите нешто, искрено комуницирајте со клиентот. Не посегнувајте кон разни изговори. Бидете искрени, понудете алтернативно решение и извинете се. Она што никако не смеете е да лажете, во спротивно довербата од старт ќе биде разнишана.
Потрудете се малку повеќе
Не е лошо ако некогаш направите малку повеќе за клиентот од договореното. На тој начин ќе ја зајакнете нивната доверба и ќе бидете препорачани кај нивни пријатели, колеги… Сепак, доколку се одлучите да направите нешто без надомест, клиентот треба да знае дека тоа е исклучок, услуга, но е и пракса.