Како да излезете на крај со тешки клиенти

47

klienti

Фото: Pixabay

Што поскоро научите како полесно да се справувате со тешките клиенти, толку побрзо и полесно ќе успеете да им го продадете вашиот производ или услуга.

Во продолжение неколку корисни совети што ќе ве поучат како да постапувате.

Не избрзувајте со етикетирање на клиентот како тежок за соработка. Потенцијалните клиенти честопати проектираат одбранбен механизам на почетокот, односно не се заинтересирани за тоа што го нудите. Но, тоа може многу брзо да се смени штом видат дека вие сте професионалец кој се грижи за нивните потреби.

Добро запознајте ги трите најголеми грижи/прашања на тешките клиенти: Дали само ќе ми го троши времето? Дали знаете што прави? Дали можам да му/ѝ верувам?

Кога клиентот ќе каже нешто провокативно не го сфаќајте лично и не брзајте со одговор. Со тоа што ќе оставите малку простор помеѓу саркастичниот коментар и вашиот одговор ќе ја зголемите важноста и вредноста на вашиот одговор и истиот ќе биде поверодостоен.

Забавете го малку клиентот со тоа што ќе одговорите со прашање наместо со одговор. Ова може да го открие суштинското прашање и да го омекне следниот одговор на купувачот. Продавајте со прашања, не само со одговори. Намалете ги нивните навреди со мудри прашања, мирен тон и пристојно однесување.

Слушајте со намера да го разберете клиентот. Сè додека не им дозволите на клиентите да го кажат своето мислење нема да бидат искрени. Клиентите не купуваат кога ќе разберат за што се работи, туку кога ќе се почувствуваат разбрани.

Тешките клиенти сакаат кога ќе ги побарате повторно ако не сте успеале да продадете првиот пат. Тие самите се свесни дека тешко прифаќаат нови работи, но можат позитивно да одговорат ако ги побарате по втор/трет пат.

Не ги одбегнувајте чекорите што ги содржи секој продажен процес. Колку повеќе време поминете на етапите што водат кон затворање на продажбата толку помалку време ќе ви треба за да ја затворите истата.