Како да ја победите несоницата?

55

nesonica

Фото: Pixabay

Возраста, начинот на живот, околината во која живееме и исхраната имаат свое влијание врз потребата за сон. Без добар сон, нашиот организам не функционира како што треба.

Денес со брзото и стресно темпо на живот луѓето сè почесто патат од несоница.

Најчести нејзини симптоми се неможност да се заспие, будење во текот на ноќта, будење рано наутро, чувство на замор и раздразливост во текот на денот.

Стресот и анксиозноста се најчести причинители за несоница, но тоа може да биде и депресијата, како и некои други нарушувања на организмот.

Како да си помогнете?

Избегнувајте кафе и пијалоци кои содржат кофеин, особено во доцните часови.

Не конзумирајте тешки јадења доцна навечер.

Одредете еден тајминг за будење секој ден.

Користете ролетни или дебели завеси за прозорците, маска за очите и чепчиња за уши, за да не ви пречат светлината и разните звуци.

Релаксирајте се со топла бања, еден час пред спиење или едноставно одберете го она што најмногу ве опушта и препуштете се.