Како да креирате одлична инфографичка биографија

51

Фото: Pixabay

Навистина е важно да ја преиспитате компанијата во којашто аплицирате за работа и да размислите дали би им се допаднало наместо стандардно CV да им испратите шарен лист со малку понакви детали.

Но, доколку аплицирате за работа во ИТ компанија, компанија која се занимава со монтажа, видео продукција, дизајн или маркетинг, инфографичкото CV е идеалното решение.

Добро размислете

Некои компании и личности задолжени за регрутација може да го сфаќаат самиот процес на селекција многу сериозно, што значи може да преферираат традиционални биографии коишто ја нагласуваат едукацијата и работната историја. Ако сте по професија на пример програмер, ставете акцент на своите вештини и програми и алатки во кои програмирате, како и други вештини кои ги сметате пожелни за конкретното работно место.

Ако имате повеќе работно искуство, ставете акцент на своето работно искуство, достигнувањата и наградите затоа што со истакнување на овие вредности ќе создадете слика за себе како амбициозна и вредна личност.

Испратете инфографика како додаток

При праќањето на стандардно CV, доколку може, дополнително да испратите и вашето инфографско CV.  Ова нека биде дополна на стандардниот бел лист и во него ставете ги сите вештини кои сакате посебно да ги нагласите.  Сепак не испраќајте само инфографика за апликација, задолжително пратете и стандардната биографија.

Држете се до стандардниот инфографски образец

Креирањето на одлично инфографско CV е многу повеќе од нафрлање на шарени бои и различни стилови во биографијата. Постојат правила кои овозможуваат пријатна визуелна презентација за човечкото око.

Ако сте дизајнер, веројатно сте веќе запознаени со ова. Ако не сте, еве неколку правила кои треба да ги следите.

Изгледот нека биде едноставен

Иако додавате визуелни елементи во својата биографија, немојте да правите хаос од ова. Немојте да мешате различни бои и позадини. Позадината треба да биде светла, а што се однесува до боите, најдобро е да користите само една, но во неколку различни тонови или нијанси. Сината и зелената се секогаш безбеден избор, затоа што инспирираат доверба.

Немојте да користите “стил“ за да надоместите недостаток содржина.

Вашиот инфографик не би требало да биде само вежба во стилизирање. Запомнете, целата поента е во тоа да ги презентирате вашите вештини на современ начин којшто е истовремено и пријатен на око.

Добрата графиката ќе ги привлече луѓето, но доколку не го нагласува вашето знаење и вештини, нема да биде дополнителен елемент во вашата апликација.