Како да му кажете на вработениот дека добил отказ

24

zaminuva

Фото: Pexels

Не е лесно да им се каже на вработените дека добиле отказ.

Еве неколку совети кои ќе помогнат за да го направите целиот процес што побезболен.

Не разочарувајте веднаш

Дури и ако сте сигурни дека одлуката нема да се смени направете го тоа полека. Ислушајте што има да каже и другата страна. Тоа ќе ви даде време да си ги средите мислите и ќе покаже дека сте личност што подеднакво ги почитува сите.

Не заобиколувајте

Тоа е вест што ниеден вработен не сака да ја чуе. Но сепак, воздржете се од изговори и празни муабети. Наведете ја причината без премногу да навлегувате во детали.

Бидете искрени

Може да се случи на барање на вработениот да бидете доведени во позиција да објаснувате нешто што не е точно. Како и да е вистината ќе излезе на виделина и ќе биде јасна причината за лошите вести.

Покажете почит

Вашиот тон и причината за отказот треба да покаже дека, според вас, тоа е само еден мала пречка во животот односно кариерата на личноста. За него/неа ќе има уште многу добри работи понатаму.

Како да го направите тоа

Доколку е возможно најпрво пренесете ги вестите за отказот преку имејл, а потоа сретнете се лично. Тоа ќе им дозволи на луѓето полесно да ја “преработат” информацијата и ќе им даде време да си ги средат емоциите пред средбата со вас.