Како да напишете мејл што ќе го прочита и најзафатената личност

37

mejl

Фото: Pexels

Пишувањето на професионален мејл, што резултира со јасна акција, е вистинско уметничко дело. Ова можеби звучи грубо, но никој не е должен да одговори на несакана електронска пошта. Времето е многу вреден ресурс и истражувањата покажуваат дека просечниот работник може да помине неколку часа дневно прегледувајќи и одговарајќи на електронска пошта. Може да замислите како им е на луѓето на повисоки позиции кои се “бомбардирани“ со мејлови и може само да сонуваат за сандаче со нула непрочитани пораки.

Кога го пишувате мејлот, секогаш бидете сигурни дека личноста ќе го отвори, прочита, разбере и одговори.
Како да напишете мејл што и најзафатениот човек ќе го отвори ве советува Inc.

Искористете ја својата професионална мрежа за да привлечете внимание

Еден од начините вашиот мејл да биде отворен е некој од вашата мрежа на контакти да ве претстави. Претставувањето од некој кој се познава со личноста до која сакате да стигнете ќе го зголеми вашиот кредибилитет и шансата да добиете одговор.

Концизен, интересен и посебен мејл

Олеснете и на другата страна со тоа што на почетокот ќе ја истакнете поентата и ќе биде видливо во првите неколку секунди. Boomerang алатката на Gmail за подобра продуктивност покажа дека мејлот што содржи помеѓу 150 и 200 зборови е оптимален. Кога го пишувате мејлот користете граматичка алатка што може да послужи за исправање на граматички грешки. Во првите неколку реченици претставете се и посочете за што сте заинтересирани. Одвојте време да истражите за личноста или компанијата со која сакате да стапите во контакт. Дали нивните активности се совпаѓаат со услугите кои вие ги нудите. За секоја врска потребно е време за да се изгради.

Јасно посочете што барате

Ова е најважниот совет. Јасно наведете во вашиот мејл што е тоа што го барате бидејќи никој не може да ви помогне ако вие сами не кажете што сакате.