Како да направите успешна презентација

757

prezentacija

Фото: Pixabay

Неколку корисни совети што ќе ви помогнат вашата презентација да биде успешна и да ја постигне својата цел.

Размислувајте за презентацијата неколку дена однапред

Не оставајте се за последниот ден, добро размислете што и како ќе кажете на презентацијата, неколку дена однапред. Дознајте што точно организаторите бараат од вас и кои средства ќе ви бидат потребни за успешно истата да се изведе.  

Користете PowerPoint доколку сте во можност

Иако некои презентери воопшто не ја сакаат оваа алатка, сепак таа е создадена за презентации и користејќи ја ќе осигурате јасна и прецизна структура на она што сакате да го кажете.

Завршете ја презентацијата навреме

Се што имате да кажете и покажете на презентацијата направете го тоа во рамки на времето кое го имате на располагање. Голема грешка е да не завршите навреме. Не подготвувајте повеќе материјал од потребното, така ќе остане повеќе време за прашања.

Вашата главна порака нека биде јасна

Вклучете ја клучната порака на презентацијата во еден од вашите први или последни слајдови, а може и во сите нив, под услов таа реченица или фраза да биде сосема јасна.

Обезбедете копии од материјалот/слајдовите

Ова е многу важно ако имате поголема бројка на слушатели. Тие што ќе седат во последните редови, голема е веројатноста да немаат јасен поглед на слајдовите. Во тој случај копии од материјалот ќе бидат добродојдени.

Организацијата на слајдовите треба да изгледа вака:

*Првиот слајд треба да го содржи насловот на презентацијата, настанот, датумот, вашето име и позицијата.

*Вториот треба да го задржи вниманието на публиката за она што следи.

*Третиот слајд треба да ја утврди структурата на вашата презентација.

*Секоја тема треба да се опфати со помал број слајдови (идеално 3).

*Секој слајд треба да има јасен поднаслов.

*Еден слајд треба да содржи од 25 до 35 зборови, освен ако е цитат, каде се користат повеќе зборови, или ако содржи илустрација која повлекува помал број на зборови.

*Последниот слајд треба да ги вклучи сите контакт детали како e-mail адреса, веб страна на вашата организација/компанија, ваш личен профил/веб страна или веб блог, доколку имате.

Користете слики/илустрации

Секогаш е добра идеја да се ”зачини” текстот со некоја илустрација, односно слика. Понекогаш таа може да вреди илјада зборови.