Како да објасните нешто и сите да ве разберат?

27

Фото: Pixabay

Комуникацијата во една компанија е од клучно значење, особено кога се започнува нов деловен потфат или се решава важно прашање и проблем. Исто така, важно е менаџерот да знае како да им објасни одредена ситуација на своите вработени, а истото се бара и очекува од нив.

Подолу ќе прочитате неколку совети околу тоа како да ве разберат луѓето кога сакате да им објасните нешто што е важно и што треба да го сфатат сите.

Користете соодветен речник прилагоден на луѓето на кои им се обраќате. Во своето образложение обидете се да бидете концизни, а доколку се работи за нешто сложено, потрудете се да го поедноставите и да посочите одреден практичен пример. На тој начин ќе може полесно да им објасните на луѓето и да бидете сигурни дека сите ќе ве разберат и ќе ги преземат потребните насоки и чекори.

Користете дополнителни материјали или презентација што ќе можат да ја разјаснат целата ситуација и да помогнат полесно да се разбере поентата. Видео презентациите може да бидат повпечатливи и така да им остане подолго во сеќавање на луѓето на коишто се претставени.

Бидете интерактивни, односно понудете им можност активно да се вклучат во дискусијата за да дојдат до неопходните поенти. Така, ќе оставите простор учесниците да кажат што имаат и да прашаат за да може да ги објасните оние делови што им биле помалку јасни или познати.