Како да одговорите на прашањето “Кои се вашите најголеми предности?”

42

figura

Фото: Pixabay

Едно од најчестите прашања со кои се сретнуваат кандидатите на интервју за работа е “Кои се вашите најголеми предности?” Иако можеби изгледа едноставно, ова е најважното прашање на кое треба да се одговори.

Со поставувањето на ова прашање, работодавачот сака да дознае колку вашите знаења и вештини се совпаѓаат со потребите на компанијата и дали сте квалификувани според потребите за работното место за кое конкурирате. Затоа листата на квалификации треба да ја намалите на три до пет најважни, кои потоа ќе ги презентирате на начин што се совпаѓа со квалификациите потребни за конкретното место. Покрај тоа, наведете и некој пример од претходното работно искуство, каде конкретната вештина ви помогнала.

Не бидете скромни. Треба да се чувствувате пријатно додека ги изнесувате аргументите зошто токму вие сте најдобриот кандидат за работа.

Краток, јасен и фокусиран одговор со смислени аргументи и неколку примери ќе го воодушеват секој работодавач.