Како да одговорите зошто сте дале отказ на претходното работно место?

52

prasalnik

Фото: Pixabay

Ако сте дале отказ и барате нова работа, бидете сигурни дека на следното интервју за работа ќе ве прашаат која е причината поради којашто сте си заминале од претходното работно место. Можеби сте дале отказ затоа што ви било досадно, не ви се допаѓал шефот, сте немале веќе предизвик, но што и да кажете, треба да имате на ум како идниот работодавач ќе го интерпретира вашиот одговор. Затоа смислете го одговорот на ова прашање однапред и притоа:

Одговарајте позитивно

На разговор за работа комуникацијата секогаш треба да биде позитивна. На ова прашање одговорете дека сте му благодарни на поранешниот работодавач за пружената можност и дека многу сте научиле на претходното работно место. Никако немојте да го озборувате бившиот шеф или колегите.

Не навлегувајте во детали

Не навлегувајте во детали зошто и како сте дале отказ. Не велете “Немав предизвик” туку кажете дека барате нови предизвици.

Фокусирајте се на иднината

Наместо да се осврнувате на минатото, зборувајте за тоа што очекувате во иднина. Така ќе оставите впечаток дека сте човек со потенцијал, со желба за напредок.