Како да ослободите повеќе меморија на вашиот телефон?

666

Мобилните телефони вообичаено ни се преполни со еден куп податоци, дел од нив се фотографии, пораки, документи, а од друга страна се инсталираните апликации, коишто работат и додека не се во функција.

Телефоните со Android оперативен систем “кешираат“ податоци од своите апликации и на тој начин заземаат дополнителен простор во меморијата, што за одредени корисници е драгоцен.

За да може да се избришат овие кеширани податоци, потребно е во менито да се одбере Settings – Storage и во рамки на секоја од категориите да се одбере clear cache. Бидете внимателни кога бришете, бидејќи не треба да ја изберете clear storage опцијата.

Секоја апликација акумулира одредена количина на кеширани податоци, што може да ги избришете и на тој начин брзо да се ослободите од непотребни податоци во меморијата.

Чистењето на кеш би требало да прерасне во своевидна рутина, бидејќи телефонот постојано ќе се ослободува од непотребни податоци.

Фото: Pixabay