Како да останете фокусирани ако ве совлада досадата?

48

Дали некогаш ви се случило додека сте на работа во еден момент да бидете сконцентрирани на она што го работите, а веќе во следниот момент ве фаќа “сафра“? Научниците велат дека тоа е сосема нормално, од тоа не треба да се плашите, туку да сфатите дека мозокот бара начин да собере доволно енергија за следните активности, бидејќи сте го “прегреале“ работејќи нешто многу важно.

Не сме програмирани постојано да бидеме сконцентрирани

Иако секоја работа бара од нас да бидеме фокусирани, со внимание да ги следите сите задачи, да ги минимизираме грешките, да го извлечеме максимумот од својот капацитет… сепак понекогаш е добро да направите пауза и да ви одлетаат мислите на друга страна. Човечкиот мозок, како најкомплициран орган, има голема моќност и капацитет, но бара и одмор за да може да продолжи со сложени операции.

Не поставувајте неостварливи цели

Сите имаме соништа, желби, посакувани цели…, но најважно е додека сонуваме да бидеме со “нозете“ на земја, бидејќи може да се разочараме ако некој од тие соништа никогаш не успееме да го оствариме. Важно е фокусот да ви остане околу целите чиј исход можете да го измерите во догледна иднина. Затоа, моментите кога ќе ве фати досадата, брзо ќе поминат бидејќи ќе се потсетите дека го работите она што вистински го сакате, во коешто силно верувате и така целата енергија и време ќе ги насочите кон таа цел.

Шолја кафе, поглед низ прозорец, разговор со колегите…

Додека работите, препорачливо е да правите мали паузи што ќе ви помогнат да си ја вратите концентрацијата. Тоа можете да го направите со шолја кафе, добар разговор со колегите или едноставно на пет минути одлетајте со мислите низ прозорецот. Така, ќе се одморите малку, ќе го поттикнете крвотокот во организмот и на мозокот ќе му овозможите доволно кислород за да може да ги извршува сите потребни задачи што ви стојат на работното биро.

Фото: Pixabay