Како да откриете лош работник пред да го вработите

29

lupa

Фото: Pexels

Вработувањето на “лош“ работник може да ве чини време и пари. Некои кандидати уште при почетокот на интервјуто може да ги препознаете дека не се соодветни за ангажирање во вашата компанија, но некои се посуптилни и може да го покажат своето вистинско лице откако ќе ги вработите. Кога тој доцни на работа и ја користи секоја прилика да не работи, јасно е дека неговото вработување бил лош потег. За да ја избегнете ваквата грешка, овие неколку совети ќе ви помогнат да препознаете лош работник пред да го вработите.

Не е подготвен

Ако кандидатот не знае што да одговори на прашањето зошто аплицирал за работа во вашата компанија, тоа е лош знак. Нема оправдување за некој што ќе се појави на интервју за работа, а нема основни познавања за компанијата. Кандидатот што направил истражување и е заинтересиран за активностите на компанијата покажува дека е сериозен за работното место. Некогаш е подобро да не ангажирате никого, отколку да вработите лош работник.

Не може да објасни што научил од грешките

Секој работодавач сака да ангажира личност која е самосвесна. Оваа личност кога ќе доживее неуспех и пад презема чекори со коишто ќе се осигура дека во иднина нема да ја повтори истата грешка. Ако го прашате кандидатот за неговите слабости, тој треба да издвои грешка што ја направил во неговата кариера и да објасни како успеал да ја надмине. Личностите кои не споделуваат такви примери имаат лажно чувство за своите способности и не сакаат да признаваат грешки на работното место.

Често користат “јас“

Не постои “јас“ кога работите тимски. Обрнете внимание на кандидатите кои често го користат зборот “јас“ кога раскажуваат за достигнувањата на тимот во кој работеле.

Не одлучувајте сами

Можеби ќе бидете импресионирани од кандидатот, но добро е да дознаете и што мислат другите луѓе од вашиот тим. Тие можеби ќе забележат некоја лоша карактеристика која вие не сте ја воочиле.

Проверете ги препораките

Секогаш проверувајте ги препораките на кандидатите и контактирајте ги личностите кои ги напишале. Така ќе дознаете и нешто што не е запишано во биографијата на кандидатот.