Како да препознаете дека работите премногу

hartija

Фото: Pexels

Во време на заострена конкуренција, да се биде вреден и посветен работник се неопходни квалитети за да останете во бизнисот. Тоа е очекувано однесување, но сепак важно е да знаете каде да ја повлечете линијата имајќи предвид дека и премногу работа може да ве уништи.

Продолжените работни часови, испраќање и примање на мејлови во ноќните часови се практично услов во некои компании. Според истражувањата, ако работите премногу тоа може да се одрази на вашето здравје и среќа (стрес, исцрпеност, депресија, губење на баланс меѓу работата и приватниот живот…).

Сигурно си го поставувате прашањето каде е линијата помеѓу здравата посветеност и ризичното преоптоварување. Луѓето кои се ослободени од работните обврски кога се дома имаат повеќе енергија и се посреќни за разлика од оние кои се преокупирани со работа. Воркохоликот мисли дека ако работи повеќе време ќе постигне повеќе од другите, но ефектот е сосема спротивен. Тоа може само да го зголеми стресот, а да ја намали енергијата и креативноста.

Оваа листа на знаци ќе ви помогне да препознаете дали работите премногу.

Немате слободно време

Ако не може да се сетите кога последен пат сте се сретнале со семејството или пријателите, гледале некој филм или сте прошетале, тоа е клучен показател дека сте преокупирани од работата и време е да се посветите на личниот живот.

Си преземате “непотребен товар“

Ако сте перфекционист може да имате природна потреба да контролирате и работи кои не се ваша обврска. Запомнете дека вие не поседувате супер моќи и не можете сè да направите сами. Постојат и други луѓе кои треба да ги завршат своите обврски.

Секогаш мислите и зборувате само за работата

“Може да ги изнесете луѓето надвор од канцеларија, но невозможно е да ја изнесете канцеларијата надвор од нив“. Секако, доколку има потреба може да си ја понесете работата дома, но носењето извештаи, презентации, документи дома да не биде постојано. Ако вашиот ум и тело секогаш работат (дури и дома), тоа е знак дека ја имате преминато линијата. Прифтливо е да зборувате за вашата работа од повремено, но проблем е кога зборувате само за работата.