Како да препознаете колега манипулатор

242

Меѓу најтоксичните колеги или шефови со кои ќе се сретнете, манипулаторите се тешки за решавање. Манипулаторот ќе стори сé за да ви ја разниша довербата, да ве натера да се чувствувате глупаво, неизвесно и помалку вредно. Манипулаторите сеат сомнеж за да ве држат нефокусирани и го одземат она што го сакаат од вас, убедувајќи ве да верувате дека нивните мислења се објективни, а вашите несоодветни.

Едно истражување покажало дека на луѓето им е тешко да препознаат манипулатори меѓу колегите на работа. Имено, манипулацијата најчесто се познава по прекумерна самопромоција, заплашување, лажна зафатеност или очигледна неможност да ја завршат својата работа.
Повеќето манипулатори имаат ист начин на работа, што не е тешко да се препознаат, затоа обрнете внимание на овие знаци кои укажуваат на тоа дека некоја сака да манипулира со вас.

Ви се вовлекува под кожа

Манипулаторите се многу брзи кога ќе најдат потенцијална жртва. Одеднаш ви делат комплименти и покажуваат интерес за сè што работите. Така создаваат лажно чувство на поврзаност и доверба, коишто ги искористуваат за емоционална уцена. Главна цел им е да откриете на кој начин размислувате за да може да ја преземат контролата над вас.

Си играат со вашите емоции

Главен алат на манипулаторите се вашите емоции. На почеток ќе имате чувство дека се забавни и возбудливи личности. Не заборавајте дека манипулаторите секогаш мораат да имаат контрола и не бираат средства во остварувањето на нивната цел.

Брзо стануваат нетрпеливи

Сите понекогаш стануваме нетрпеливи, но манипулаторите имаат краток фитил. Не поднесуваат нешто да ги задржува. Често проблемот е во тоа што целосно не ја контролираат ситуацијата и кај нив се чувствува нервоза и фрустрација. Во такви ситуации најдобро е да бидете пристоен, но директен. Не заобиколувајте и не пробувајте да ја ублажите ситуацијата, со тоа нема да постигнете ништо.

Секогаш сте виновни за сè

Манипулаторите имаат неверојатна способност да се извлечат од секоја ситуација и да ве прикажат како лоша личност. Ги искривуваат зборовите до таа мерка и вие да почнете да верувате во тоа што го говорат. За да не бидете главен виновник, водете си белешки. Побарајте преку електронска пошта да ви испрати што точно сака од вас за да имате пишан доказ дека сте работеле по нивни барања.
Фото: Pixabay